Loading..

Марија Шерифовиќ подолго време планира да го напушти музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд“ каде што со ЈК веќе пет години се во жири. Иако многумина мислат дека се добри пријателки, но не се баш така блиски.

“Тешко е да се биде пријател на Јелена Карлуша, но исто така тешко е да се биде пријател и со Марија Шерифовиќ. Ова е пета година како ние двете седиме во шоу програмата “Ѕвездите на Гранд“ и само еднаш имаме излезено на кафе. И тоа не беше договорено, туку после снимање отидовме да поразговараме и да испеме кафе. Значи, буквално еднаш“, открила Марија.

“Јелена може да ме разбуди во пет наутро. И не само таа, туку и сите останатите со кого седам таму. Глупаво е да се зборува дека сме најдобри другарки. Добри сме, се слушаме, работиме заедно и имаме слични ставови во “Ѕвездите на Гранд“, рекла Марија Шерифовиќ и додала дека оваа година за Јелена била многу тешка.

“Таа имаше голем скандал во приватниот живот, а потоа и смрт во семејството. Тоа доста ја потресе. Сигурна сум дека таа одвај го чека крајот на годината“, додала пеачката.

Попатно го искоментирала и пензионирањето на Саша Поповиќ.

“Саша никогаш нема да го напушти шоуто. Тој без него неможе да живее. Има обвска да биде дел од проектот иако е во пензија, така што ќе го гледате уште неколку години. Мене вероватно ќе ме гледате само уште оваа сезона – рекла Марија.

Изгледа овој пат одлуката и е конечна.

Најчитани вести