Loading..

Бракот на Марко Јариќ и Адријана Лима беше како од бајките, но потоа дојде утрото кое промени се.

Медиумите пишуваа дека причина за разводот на Адријана Лима и Марко Јариќ била поранешна учесничка на „Парови“ Кристина Сремо. Нејзината биографија е прилично бурна Многу старлети минуваа низ риалитите, а Кристина се истакнуваше со посебна биографија.

Кошаркарот наводно ја изневерувал манекенката со Кристина, а таа, наводно, била директно одговорна за разводот на двајцата сопружници.

Како што се шпекулираше во тоа време, Кристина и Марко се сретнале во дискотека каде што ги запознал заеднички пријател, а искри меѓу нив веќе на прв поглед трепкале.

Тоа се случуваше во истиот период кога популарната манекенка Адријана Лима, призна дека кога се венчала била девица, бидејќи претходно сакала да биде чесна сестра.  

Адријана Лима стапи во брак со српскиот кошаркар во НБА, Марко Јариќ, во јуни 2008 година. Двојката се венчаше на Денот на вineубените следната година. Во мај 2009 година беше објавено дека Лима побарала српско државјанство, но никогаш не и било доделено. Двојката објави дека се разведуваат по пет години брак. Разводот заврши во март 2016 година.

Лима е католик и секоја недела оди во црква. Во интервју за магазинот GQ во април 2006 година, таа изјави дека е девица и ќе остане така до брак. Таа исто така изјави дека верува дека абортусот е кривично дело и се согласила со се што проповеда црквата.

Исто така, познато е дека Лима носи библија позади сцената секогаш пред да се појави на модната писта. Пред да стане манекенка, таа сакаше да биде монахиња. Таа е многу духовна, верува во енергија, природа и духови.

Најчитани вести