Loading..

Фотографиите се направени деновиве во Велебрдо, село во Општина Маврово-Ростуше, од жител кому мечка му дошла буквално во дворот. 

Жителите во паника сведочат дека досега толкав број мечки не се забележани и дека тие најверојатно шетаат меѓу куќите во потрага по храна. Некои од нив имале и блиски средби со овие крволочни животни, но за среќа, се било без последици.

 

„Мечките шетаат низ селото и буквално секоја вечер се слушаат нивните рикови. Еден од соселаните додека со сопругата собирале ореви во дворот буквално се нашле очи во очи со едно од животните кои крстарат низ селото, и едвај спасиле жива глава“, раскажува еден од жителите на ова планинско село и додава: „Буквално сме под опсада, живеме во страв.“ 

 

 

Велебрдо се наоѓа во регионот на Радика и е дел од националниот апрк Маврово. Се наоѓа во областа Долна Река, во источните падини на Дешат, а источно се спушта по долината на Радика. Оддалечено е 2 километри од општинскиот центар Ростуша, 20 километри од Дебар и 53 километри од Гостивар.

Најчитани вести