Loading..

Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него, и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт, се само дел од приказните кои пратеникот Амди Бајрам ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.
Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која господинот Бајрам со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. За нив зборуваше и од друг аспект, кој е најдобар за дружење во кафеана.

„После Бранко, Сашо Мијалков“, изјави тој.
Амди Бајрам раскажа и за тоа како премиерот Зоран Заев му простил откако го критикуваше, но има и приказни за поранешниот премиер, Никола Груевски. За него, Амди Бајрам вели дека единствено на ромскиот бал се шетал без обезбедување.

Неизбежна беше темата како се победува на избори, но и многу други работи од неговиот приватен живот кои ги раскажа само во „Еден на Еден“.

Четвртата епизода на шоуто од Сезона 11, ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5. До тогаш, погледенете ја најавата за емисијата со Амди Бајрам.

Најчитани вести