Библија му го спаси животот на боливиски полицаец, кој беше застрелан во градите од страна на демонстрантите.

Полицаецот изјави дека „чудесниот“ инцидент се случил вчера во градот Јапакана, откако бил испукан метак кон него.

Оскар Гутиерез, шеф на Специјалната единица за борба против криминалот во Санта Круз, тврди дека куршумот испукан кон полицаецот потекнува од оружје украдено од полицијата.

Насилството настана помеѓу приврзаниците лојални на поранешниот претседател Ево Моралес и полицијата во главниот град на Боливија, Ла Паз, но и другите градови низ целата земја. Судирите избија неколку часа откако привремената претседателка Џанин Анез и нејзиниот нов кабинет положија заклетва во средата.

Речиси 450 милји далечната општина Јапакани, во источниот боливиски регион Санта Круз, полицијата соопшти дека се обидуваат да го вратат редот за време на протестите. Полицајците се обидуваат да се справат со блокадите на патиштата од страна на демонстрантите, кои најверојатно се поддржувачи на Моралес - соборениот претседател кого војската го избрка минатата недела.

Гутиерез рече дека полицаецот бил застрелан во левиот дел на градите каде тој чувал Библија, која што успеала да го запре куршумот.

„Тој е млад полицаец чиј живот е чудесно спасен. Тој беше застрелан од куршум. Претпоставувам дека е 9 мм. Знам дека оружјето што се користи е украдено од боливиската полиција."

Откако бил погоден полицаецот бил испратен во градот Санта Круз за да помине медицински тестови, но ќе се врати на работа затоа што не бил повреден во инцидентот, според извештаите на локалните медиуми.

Најчитани вести