Loading..

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска присуствуваа на отворањето на проширениот дел на градинката „Калинка” во скопската населба Железара.

Со преадаптацијата на првиот кат од градинакта „Калинка” сегашниот вкупен капацитет е за 215 деца од предучилишна возраст и истите се организирани во 9 воспитно- згрижувачки групи. Просторот на оваа градинка е проширен за три нови занимални во кои имаат место за 75 деца. Министерството за труд и социјална политика учествуваше со 2,3 милиони денари средства наменети за градежно занаетчиски работи и опремување на објектот.

Градиначалникот најави дека „Калинка” ќе биде прва градинка во Гази Баба којашто воведува втора смена.

извор: Makfax

Најчитани вести