Loading..

Срамно и безобразно е владата на СДСМ да се фали дека водат грижа за пензионерите и дека пензионерите ќе добијат покачување на нивните пензии од следната година.
Вистинска слика за пензионерите во Република Македонија е дека за овие три години СДСМ и Царовска им земаа 1800 денари на пензионерите. Поради лошите политики на СДСМ пензионерите не добија покачување на
своите пензии во вредност од 600 денари на годишно ниво како што тоа го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Пензионерите знаат дена оваа “ветување“ на СДСМ е само предизборна манипулација за да ги придобријат гласовите од оваа категорија на граѓани. Доаѓаат подобри времиња за сите граѓаните во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога оваа криминална власт заедно со Заев и Царовска ќе ги заминат во историјата, и на 12 Април следната година ќе победи обновата на Македонија, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести