Loading..

Членови на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговиона (СИПА), денес уапсија двајца нивни колеги во Бања Лука и Сараево, осомничени за откривање службени тајни за време на истрагата за случајот Перо“.

Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека се уапсени двајца инспектори на СИПА, кои протекуваат информации од истрагата за издавање на фалсификувани дипломи на лица опфатени под истрага.

Повеќе згради низ Сараево, Бихаќ,  Зеница, тузла и други градови биле претресени заради издадените нелегални дипломи.

Осомничените се сомничат дека издавале нелегални дипломи од основно, средно и факултет.

Во последните пет месеци, неколку стотици нелегално издадени дипломи се документирани од иследниците на СИПА. Во истрагата учествувале 58 физички и правни лица.

Најчитани вести