Loading..

Во Чиле со масовни протести низ целата земја и генерален штрајк започна 26-от ден од демонстрациите против социјалната нееднаквост.

Илјадници луѓе денес мирно маршираа во Сантијаго, веејќи државни знамиња, а со нив беа и домородните групи Мапуче кои имаа и традиционални музички инструменти, пренесува агенцијата АП.

Крајбрежниот град Валпараизо е блокиран, а владините служби и јавниот и приватниот транспорт не се во функција.

Демонстрантите утрово фрлаа со камења кон некои продавници, принудувајќи многумина сопственици да не ги отвораат своите локали. да не отвораат

Големи демонстрации има и на југот на земјата каде сообраќајот се попречува со барикади.

Студентскиот протест поради зголемувањето на цените на метрото прерасна во широко движење кое бара реформи во образованието, здравството, пензиите и промени во Уставот.

 

извор: Makfax

Најчитани вести