Loading..

Чешкиот министер за одбрана, Љубомир Метнар, изјави дека Владата има намера до крајот на годината да потпише договор со американската администрација за купување 12 воени хеликоптери.

„Договорот е вреден 631 милиони американски долари“, нагласи Метнар, дополнувајќи дека тој опфаќа опрема, муниција, резервни делови, како и обука.

Хеликоптерите треба да бидат доставени на Чешка во 2023 година, по што ќе бидат заменети застарените „ми-24“, од советско производство.

 

извор: Makfax

Најчитани вести