Loading..

Германските разузнавачки агенции денеска отворија заедничка шпионска школа во Берлин.

Шефови на странски и домашни разузнавачки агенции официјално го отворија Центарот за обука на разузнавачките служби во близина на местото каде Берлинскиот ѕид претходно го делел градот на два дела, пренесе агенцијата АП.

Агентите во Центарот првенствено ќе бидат обучувани како да одбијат сајбер-напади и да ги осуетат акциите на терористите.

Центарот за обука се состои од работилници и хемиски лаборатории.

Шпионската школа се наоѓа во новото седиште на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), што беше отворено на почетокот од годинава и има простор за 4.000 вработени.

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести