Loading..

Силниот ветер што дува во некои делови на Босна и Херцеговина започна да предизвикува проблеми за возачите. Имено, во  градот Купрес, ветерот преврте камион.

Во југозападните делови на земјата, од возачите е побарано да возат претпазливо заради лошите услови, но особено заради срушените дрвја од силниот ветар.

Заради невремето во Босна и Херцеговина има забрана за сообраќај во тунелот Караула на магистралниот пат Кладањ – Олово, а на повеќе магистрални патишта во тек е санација на штетите кои ги предизвикани од невремето.

Најчитани вести