Loading..

Оваа пита има два фила

Состојки:

• 12 парчиња готови кори

Фил за премачкување

• 3 jaja

• 3 лажици шекер

• 200 мл. масло • 200 мл. јогурт

• 100 гр. гриз • 1 пециво

Фил од пудинг: 

• 1 литар млеко

• 3 пудинга од ванила

• 9- 10 лажици шекер

• шекер во прав за посипување

Од ладно млеко земате 18 лажици ги мешате со пудингот во прав и шеќерот, да нема грутки.

Остатокот од млекото се вари, се трга на страна се додава смесата од пудингот и шекерот и варете го две минути, пудингот да стане густ. Покриете го со прозирна фолија да не фати кора, или почесто мешајтего. Оставете го да се олади.

Премачкување на корите:

Посебно се матат белките со шеќер, добро изматени се додаваат жолчите, кусо се миксат, се додава маслото и добро се микса. На крај додадете гриз, пециво, а потоа истурете го јогуртот и добро измешајте ја месата.

Првата кора намачкајте ја со оваа смеса, покриете ја друга кора која и таа се премачкува со смесата, потоа се нанесува третата кора. На третата кора врз неа се става филот од пудинг, сметајте дека ќе имате вкупно 4 штрудли, па филот поделете го на 4 дела по 250 гр.

Свиткајте ја кората и ставете ја во плех за печење обложен со масна хартија. Премачкајте ги штрудлите со масло и печете ги на 180 степени околу 20 мин. Најдобро во рерна со вентилатор.

Штрудлите прво да се изладат на собна температура, а потоа во фрижидер.

Се сечат на парчиња со дебелина од 2 см. потоа се посипуваат со шекер во прав.

Најчитани вести