Loading..

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3.3 степени и епицентар во соседна Грција, на 125 километри јужно од Скопје, беше регистриран денеска во 15 часот и 27 минути од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од жителите во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

извор: Makfax

Најчитани вести