Loading..

Министерот за здравство, Венко Филипче примал ургенции за лекување од Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Ова денес од собраниската говорница го потврди и самиот премиер, кој запрашан за што разговарале на честите средби неговиот брат и министерот изјави дека тие разговарале за побрза асистенција или да може некој побрзо да биде прифатен.

„Разговара со мојот брат, тоа што разговара секој ден со граѓаните помагајќи за побрза асистенција, да може некој побрзо да биде прифатен да  може да биде појасно и брзо достапна услугата“, вели Заев.

Тој посочи дека неговиот брат и Филипче разговараат за приватните бизниси.

„Може да разговараат и за ајварот Мамас, за што друго да разговараат?  Немаат допирни точки, брат ми не е лекар“, додаде Заев.

Најчитани вести