Loading..

Нема алтернатива за македонското полноправно членство во ЕУ, со ова се согласиле Пендаровски и Макрон на состанокот во Париз. Новата методологија ке биде завршена најдоцна до март, по што за Македонија повторно ке се одлучува на самитот на ЕУ во мај, вакво уверување добил македонскиот претседател од францускиот шеф на државата 

– Му реков дека ние никогаш не би се согласиле со алтернатива за полноправно членство, а тој ми одговори дека тоа никогаш и не била намера, изјави Пендаровски за Сител

Париз  веќе  има изготвено нон пејпер во кој се  исцртани контурите на новата  методологија. Документот е испратен до сите земјите членки и се чека на нивен одговор. Но,  дури и се да оди според планираното , нема  гаранции за тоа каква ке биде одлуката за старт на преговорите на самитот во Загреб.

-На 6 ти мај е закажан самитот тогаш се очекува одлуката , но не зборуваме за содржината на одлуката.

Сепак, за  српскиот претседател Вучиќ,  по состанокот со Макрон , нема дилеми дека  европските лидери во следните пет месеци ќе и дадат датум на Македонија за почеток на преговарачкиот процес.

– Тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите на 12 април во Скопје. Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил, изјави Вучиќ.

Претседателот Макрон на средбата со Пендаровски  најави  дека ќе ја посети Македонија во првата половина на наредната година.

Најчитани вести