Loading..

Состојки:

- 4 парчиња пилешко филе

- лажица маслиново масло

- сол и бибер по вкус

- лажица суво оригано

- три чешниња лук

- шољаиполовина шери домати(сечени на половина)

- три шољи спанаќ

- половина шоља павлака за готвење

- ¼ рендан пармезан

Подготовка:

Во тава заграно со масло ги додавате: пилешкото кое предходно е посолено со сол, бибер и оригано, го запржувате околу 5-8 минути од секоја страна. Го вадете од тавата и го ставате на страна.

Во истата тава, на рингла со средна јачина, стопете путер. Додадете го лукот кој се пржи околу една минута, потоа додадете ги шери доматите, малку сол и бибер. Се крчка додека доматите не се распукат, потоа додате го спанаќот, оставете ја тавата на огон додека спанаќот не биде готов.

Потоа додате ја павлаката и пармезанот, и оставете да проврие. Намалете ја јачината и оставете да крчка околу три минути, потоа додадете го пилешкото и оставете се заедно да се крчка околу седум минути

Најчитани вести