Loading..

ЈП Паркинзи на општина Центар испрати предупредување до граѓаните-корисници за градски паркинг, да ги почитуваат резидентните зони за паркирање.

Како што информираа оттаму, во спротивно од 2 декември, корисниците ќе бидат санкционирани со поставување на „блокатор“ или отстранети со „пајак“.

Од ПОЦ порачаа дека со овие промени, жителите ќе можат да паркираат во резидентните зони во секторот каде што живеат, а не само на својата улица, како што претходно било случај.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар, во април 2019 година, воведе промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта со коишто стопанисува за да им овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

Согласно член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје (“Службен гласник на Општина Центар-Скопје” број 18/18) во член 7 ставот (1) кој гласи: “Резидентни паркиралишта се јавни паркиралишта наменети единствено за станарите и жителите на Општина Центар коишто живеат во опфатот на јавното паркиралиште од значење за Општина Центар”, се менува и гласи: “Резидентни паркиралишта и резидентни улици се јавни паркиралишта кои се уредени на начин единствено со намена за станарите и жителите на Општина Центар коишто живеат во опфатот на паркинг секторот каде што се наоѓа односното јавно паркиралиште од значење за Oпштина Центар.

Најчитани вести