Loading..

Луѓето во долгогодишните врски и бракови знаат дека секоја љубовна приказна има свои успони и падови. Во врската ќе се најдат безброј нежни моменти и периоди полни со љубов, но и напнати ситуации исполнети со разидувања и несогласувања.

Флексибилноста и подговеноста на компромис е важна за успешност на секоја врска, поготово кога се тешки времиња. Со помош на заедничка комуникација ќе се испеглаат сите евентуални проблеми во врската.

Пркин на љубовна врска не е едноставен, а посебно за партнери кои во неа поминале многу години, било да се работи за брак или не. Тоа е период во кој ни се чини дека животот ни застанал, што посебно доаѓа до израз кога ние не сме го прекинале тој однос.

Опстанокот на врската е невозможен ако едната страна има константна потреба да биде во право. Иако оваа лоша навика често се карактеризира како “машка“, постојат многу жени кои “страдаат од таа болка“.

Ако партнерот чуствува дека постојано треба да биде во право, нема да биде подготвен да ја сослуша другата страна, не сака да го корегира своето однесување и мислење, врската порано или подоцна ќе се заврши со раскинување.

Стручњаците се согласуваат дека во љубовта успешни парови се оние кои го контролираат своеот его, го надминале своето незрело сваќање за животот, и кои се подготвени со партнерот да планираат среќна иднина.

Најчитани вести