Loading..

Постојат многу шпекулации во јавноста дека учествувам во формирање на некоја нова политичка партија. На креаторите на овие информации сакам да им порачам дека за мене постои само една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Знам дека тоа на некои луѓе не им одговара, но тие треба да разберат дека тоа што јас и дел од раководството на партијата можеби имаме различно мислење за одредени прашања е секако здраво за зајакнување на демократските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметам дека сите ние заедно имаме само една цел, а тоа е Македонија да оди напред.
Само со сплотени сили и конструктивен пристап можеме да победиме на претстојните избори.
А, на оние што посакуваат раскол во нашите редови уште еднаш им испраќам порака дека секогаш сум работел и ќе продолжам да работам единствено на обединување и победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ништо друго.

Најчитани вести