Loading..

„Балканот треба да направи свој Шенген модел“, рече албанскиот претседател Еди Рама на Самитот на Европската банка за обнова и развој во Сараево пред скоро пет месеци.

Србија е отворена „за, како што некои го нарекуваат  “мал Шенген “, но како и да се нарече, за нешто каде ќе имаме целосна слобода на движење, промет на стоки и услуги“, слична порака даде и српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк во септември.

Економистите и бизнисмените од Албанија и Македонија веднаш ја поздравија оваа идеја за соработка меѓу трите држави, но - што добиваат од овој концепт членките, се прашува редакцијата на лондонскиот БиБиСи на српски јазик и дава одговори на главното прашање: Што е то Мал Шенген?!

Предложено од Макрон, поддржано од Трамп и Мeркел

„Спомнувањето на Шенген не значи само економска соработка, така што овие предлози не свртуваат кон идејата за нова Југославија и заедничка политика“, вели Милан Ковачевиќ, експерт за инвестиции. Сепак, важно е прокетот мал Шенген “да се залага за економски концепт што ќе го замени ЦЕФТА-договорот во регионот. Србија би можела да добие слободен проток на капитал пред се со соседите “, вели експертот.

За Саша Ѓоговиќ, негов колега во Институтот за истражување на пазарот, малиот Шенген“ ќе донесе поевтини производи и услуги од регионот и помалку документи за Србија и другите држави од соседството во тој проект, но и некои политички поени. „Некои луѓе ќе мислат дека Србија е најнапредната земја во соседството, но не смееме да заборавиме дека имаме големи политички, но и економски проблеми. Како таксите кои Косово ги зголеми за сропските производи “, вели Ѓоговиќ.

„Во очите на странските инвеститори - Србија, Северна Македонија и Албанија би биле еден пазар и овој проток на стоки ќе биде поважен од сегашната понуда за инвестоторите кои ја имаат државите поединечно“, објаснува Ѓоговиќ за БиБиСи на српски јазик. Ако малиот Шенген стане царинска унија, тоа е позитивна работа за реинтеграција на регионот. Би добиле поевтин бизнис меѓу членките држави од соседството, но исто така ги декриминализиравме овие простори затоа што ќе покажевме дека имаме доверба доволно едни кон други“, додава експертот Саша Ѓоговиќ. „Она што исто така треба да се случи е соработка во борбата против организираниот криминал“.

Ѓоговиќ дава пример на Договорот за слободна трговија ЕФТА, кој постои помеѓу Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија „кои честопати ги продаваат своите производи заедно и на трети пазари“.

Србија, Северна Македонија и Албанија сè уште се членки на слична организација - ЦЕФТА, која подразбира бесцаринска размена на производи помеѓу членовите. Ковачевиќ вели дека со екстра даноците на српската стока во Косово, ЦЕФТА ослабе. Новиот концепт е добар и за земјите што нема да влезат во Европската унија, и бидејќи економијата е под силно влијание од политиката - тоа само може да им помогне“.

Она што се случи на самитот на ЕБОР во мај оваа година, кој имаше тема на регионална интеграција, ја докажува потребата од ова економско спојување. Иако на самитот требаше да се вклучат претседателите или премиерите на Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија - имаше тешкотии.

Значи, само еден ден пред состанокот на лидерите, претседателот на Косово Тачи одлучи да не се појави во Сараево во тоа време затоа што „Босна и Херцеговина се уште не го признала Косово“, но и заради визниот режим на оваа земја што е во сила за косовските граѓани. Еве, Тачи сега не се појави ни во Македонија која ја признала независноста на Косово, беше критикуван и од албанскиот премиер Рама поради тоа.

Наместо претседателот Вучиќ, тогаш на средбата во Сараево се обрати српскта премиерка Ана Брнабиќ, која не се сликаше со другите лидери во регионот. Таа за БиБиСи на српски јазик изјави дека не знаела за фотосесијата, но дека е „жал што косовската страна не дошла“. Брнабиќ исто така објасни дека е „многу важно за целата заедница на странски инвеститори тие да не перцепираат како место што е сигурно за инвестиции“.

Соработката во регионот е проблем што треба да се реши. Второстепено прашање е перцепцијата 

“Малиот Шенген“ претставен како „стратегија за заеднички економски развој на трите земји (Србија, Албанија и Северна Македонија) беше тема на разговори на највисоко ниво во Белград на почетокот на октомври, кога лидерите на Албанија, Србија и Северна Македонија се сретнаа во Нови Сад .

„Би било важно за нас, заради слободното движење на стоки и услуги, да ја вклучиме Приштина во ова, се да биде на уште повисоко ниво на економска интеграција отколку во ЦЕФТА, и да се привлечат Босна и Црна Гора“ изјави тогаш српскиот претседател Вучиќ.

Тој е убеден дека сите во регионот сфатиле дека се индивидуално мали и слаби за настап на другите, пред се европските пазари. „Со воспоставувањето на единствениот пазар, заедно би биле неспоредливо посилни да се појавуваме пред светот и пред ЕУ“, рече Вучиќ, а објавува БиБиСи.

Што е ЦЕФТА договор

ЦЕФТА е договор дизајниран за олеснување на трговијата помеѓу земјите од Централна и Источна Европа. Обезбедува бесцаринска размена на производи помеѓу земјите-членки. Првичниот договор го потпишаа земјите на Вишеградската група - Полска, Унгарија и Чехословачка во 1992 година

Бидејќи сите потписници на првичниот договор, освен Македонија, влегоа во Европската унија, беше решено да се продолжи договоротДекларацијата за проширување беше усвоена на Самитот на премиерите на Југоисточна Европа во Букурешт на 6 април 2006 година, а самитот беше насловен „Приближување на Европа до Европа - нова амбициозна ЦЕФТА“

Денес Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Молдавија, Србија, Косово и Црна Гора се потписнички на овој договор

Што е Шенген

Областа што опфаќа 26 европски земји кои официјално ги укинаа пасошите и сите други видови гранични контроли на нивните граници. Тоа подразбира слободен проток на луѓе и стоки.

Зоната Шенген генерално служи за економијата и протокот на луѓе, услуги и стоки, функционира како територија на една земја, со заедничка политика за визиИмето го добила по Шенгенскиот договор, потпишан во 1985 година во тој град. Државите во шенген-зоната ги зајакнаа граничните контроли со земјите што не се во таа шенген зона. Областа на договорот од Шенген има население од над 400 милиони луѓе и претставува една од трите-четири економски најсилни области во светот.

Доколку на крај државите Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина би влегле во овој вид царинска унија, тоа би бил пазар од скоро 20 милиони луѓе, што е силна конкуренција на Унгарија, Романија или Чешка, а конкурентен со пазарите на Грција или Бугарија.

Политички, ова е решение за двете најекплозивни прашања во Европа: Албанското и српското прашање. Сите Албанци и речиси сите Срби од овие простори би живееле заедно во таа заедница, и би се намалиле до минимум опасностите за идни тензии и вооружени судири на Балканот што е исклучително важно и за Македонија која и самата има сериозни проблеми со тоа што е мал пазар и проблеми со албанската експанзија.

(Vecer.mk)

Најчитани вести