Loading..

Петнаесетгодишно момче е убиено, а уште еден тинејџер е тешко повреден во пукање на плоштад во Малме, соопшти шведската полиција.

Надлежните навеле дека непознати напаѓачи отвориле оган кон пицерија синоќа во 21 часот. Според изјави на очевидци, напаѓачите избегале на велосипеди.

До пукањето дошло неколку минути по експлозија на бомба која била поставена под автомобил во друг дел на Малме.

Полицијата сè уште не утврдила дали двата инциденти се поврзани и сè уште не ги идентификувала осомничените.

извор: Makfax

Најчитани вести