Loading..

Состојки

• 1 парче прасечко ребро

• 1 кромид

• 2-3 чешниња лук   

• сол и масло

За премачкување:

• 1 лажичка мед

• 3 - 4 лажицо ракија

• 1 лажица црвен пипер

• малку чили

За сос:

• 1 шољичка вода или супа

• 1 лажица брашно

• 1 лажиче сенф

• сок од половина лимон

• сол и бибер

Подготовка

Ставете го во подмачкан плех, така што кожата да биде на горната страна, се пече 5-8 минути во добро загреана рерна. Кога кожата ќе се затегне, извадете го и со остар нож засечете го по должина и попреку на коцки од околу 5-6 см. а во длабочина 3-4 см. Трикот е во тоа што пред печење сечењето не се изведува лесно, ова е најдобар начин да добиете убави и правилни коцки.

Сега треба да се посоли месото, втривајќи ја солта во резовите и од сите страни рамномерно.

Додадете во плехот 1 дл. вода, и исецкан лук и кромид под месото. Продолжете да го печете го месото на 180 степени околу 45-50 мин. повремено дадавајте вода, без да го залиете месото. Исто така не го превртувајте го месото.

За премачкување: измешајте ја ракијата, медот, црвениот пиперот, чили и премачкајте ја кожичката. Продолжете да го печете се додека месото не омекне.

Исцедете ја маснотија од месото, а маснотијата во плехот сочувајте ја.

Вратете го печењето во рерна која е вклучена на грил или само горниот греач за кожичката да стане “реш“. По 7-8 минути кога на кожичката ќе се појават меурчиња, извадете го.

Се служи со компир испечен во маснотијата од печењето.

Од маснотијата можете да направите и сос, додавајќи брашно и другите состојки, додавајте вода и варете го.

Најчитани вести