Осумдесетгодишната Мејвис Еклстон се соочува со обвинение за убиство, откако лекарите ја спасиле по обидот за самоубиство. Бабичката и нејзиниот сопруг Денис (81) одлучиле заедно да си ги одземат животите, кога неговиот рак влегол во последната фаза.

Поради таа причина тие испиле мешавина од лекови и Денис починал, но лекарите ја спасиле Мавис која што потоа била обвинета за убиство на сопругот.

Парот бил во брак 60 години и имаат три деца. Во прошталното писмо долго 14 страни, напишале дека се одлучиле да си ги  скратат  животите поради лошото здравје, злоставување и карање со комшиите.

Семејството тврди дека полицијата ја малтретирала Мавис во затворот, а нејзиниот син Кевин вели дека полицискиот началник му рекол како ќе направи „пример“ од неговата мајка.

Најчитани вести