Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода и советник во општината, Орцце Ѓорѓиевски реагираше на вчерашното интервју на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за „Канал 5“ во кое вели дека Катица Јанева уште од јануари му била сомнителна.

Да не навлегуваме што со прст немрдна за да го расветли тоа што нему му се чинело сомнително, ќе му порачам две работи: Прво, дека многу брзо, по поразот на изборите ќе се дознае што е тоа што е сомнително и зошто луѓе се носеа во притвор, а потоа се ослободуваа, а вистината за сите овие случаи ќе ја види светлината на денот. И второ, јавноста ќе дознае за коалицијата на Заев, некои членови од раководството на СДСМ, дел од обвинителството, судството и неславното СЈО.

Е тогаш ќе се соочите со сето она од што сега бегате, а тоа е одговорност.

И да нагласам, нема да ве спасат сите рекетирани пари кои ги спремате за поткуп пред изборите, како и оние квинслинзи кои ви се на дофат, а ги хушкате да работат против ВМРО ДПМНЕ. Доаѓа непобедливата волја на народот, кој ќе ја донесе правдата и обновата, му порача Ѓорѓиевски на министерот.

Најчитани вести