Пред околу 1 час во Кочани одејќи накај дома, над градскиот стадион забележав една постара жена со торба во рацете која едвај ја држеше и мавташе со раката некој да застане (веројатно и требаше превоз). Стоев 10 минути во спротивна насока од жената и се чудев како никој не застанува да праша што е работата и дали и треба помош. Бидејќи врнеше и никој не застана, го свртев возилото и отидов кон жената. Излегов и ја прашав дали и треба помош, а истата ми одговори дека се обидува да најде превоз, но никој не застанува. Не прашав каде оди туку ја земав торбата и ја качив во моето возило. 

По пат почнавме муабет и истата ми кажа дека е од Пробиштип и дека се вика Вида, а истата дошла во Кочани да побара помош бидејќи имала ќерка Кристина (околу 30тина години) која боледува од рак и на истата и е потребна терапија за која тие немаат доволно средства. Ја однесов жената до Крупиште каде ми кажа да запрам и истата ме испрати со солзи во очите не верувајќи дека се вратив за да помогнам. 

Ја прашав дали има жиро сметка на која може да се донира и истата ми го даде овој лист подолу. Сите кои се во можност ве замолувам да донирате и да помогнеме на младата Кристина да ја победи оваа болест! 🙏

НЛБ Банка
СМЕТКА 210-7000006528-49

(текстот е превземен од ФБ статус на Никола Стојменов)

Најчитани вести