Состојки: 

  • 500 гр. шпагети
  • 100 мл. масло
  • 6 чешниња стар лук
  • магданос пресен
  • 100 гр. пармезан
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 прстофати црн бибер
  • 1/2 лажичка лут црвен пипер

Подготовка:
Исчистете го и исечете го лукот на парчиња. Во тава ставете масло, додадете го лукот  и вклучете топлина на тивок оган. Во меѓувреме ставете ги тестенините да се варат. Гответе го лукот се додека не добие златна боја. Кога шпагетите ќе бидат подготвени, ставете ги во чинија. Зачинете со сол, бибер и црвена пипер. Одозгора истурете го лукот со маслото. Наросете пармезан и магдонос и добро промешајте.

Најчитани вести