Состојки:

• 400 гр. меко брашно

• 1 лажичка сол

• 2 дл. млако млеко

• 1 лажиче маст

• 1/3 коцка квасец

• 1 лажиче шекер За премачкување:

• 150 гр. мелени чварки

• 150 гр. рендано сирење

• бибер по вкус

За на крај:

• 1 jajце

• морска сол • ким

Подготовка:

Свежиот квасец го мешате во малку млако млеко, шекер и малку брашно

Кога квасецот ке се надигне, помешајте го со брашното и изместе го тестото, оставето го да нарасне при што повеќе пати можете да го премесувате (не е задолжително)

Нараснатото тесто, го расукувате во што поголем правоаголник

Половина од тестото го премачкувате со чварки и го посипувате сирењето Постапката се повторува три-четири пати.

Расукајте го тестото со дебелина од 1,5 см дебелина и сечете ги погачиците.

Остатокот од тестото соберете го, можете да го доискористете доколку сакате повеќе погачици.

Редете ги во подмачкан плех или обложете го со хартија за печење, премачкајте ги со јајце, морска сол и ким.

Оставете ги да нараснат 20-30 минути и печете ги во рерна загреана на 220-220 степени, 15 минути додека убаво не заруменат. 

Напомена: - количината на чварки се прилагодува по вкус - се препорачува да се користи не многу масно сирење и кое е цврсто

Најчитани вести