Неда Арнериќ ги изненадила сите кога открила дека ќе се сели од Србија.

- Учев странски јазик во стари денови, оној најтешкиот. Успешно го совладав германскиот, имам и сертификат. Извесно е дека ќе се преселам во Австрија каде што имам мал стан на Алпите. Како годините минуваат и полесно се опуштам во пензија, себеси се гледам во тие краеви – рекла Неда Арнериќ.

Исто така открила дека наскоро ќе го искуси аскетскиот живот и како тоа ќе изгледа.

- Индија отсекогаш ми била инспиративна, будизмот ми е близок, за Салман Ружди знам се... Меѓутоа мојот маж никогаш не сакаше да оди на таа страна од светот. Ми велеше: Доста ми е мојата сиромаштија, несакам да гледам туѓа. Неодамна, после долга пауза, повторно тргнав на часови по јога, каде што слушнав за можноста да одам во Индија. Прашав дали можам да се приклучам, ми одговорија: Секако, но се оди во еден ашарм, каде што се води строг аскетски живот. Дали си подготвена на тоа? Верувам дека можам да издржам десетина дена во ригорозни услови и однапред се радувам на ново искуство. Сигурна сум дека ќе ми биде интересно, а којзнае, можеби ќе научам и да медитирам – признала таа.

Најчитани вести