Јас сум насочен кон реализацијата на проектите, кој ќе биде технички премиер е одлука на  Зоран Заев, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, додавајќи дека законите предвидуваат во техничката влада да има министри за внатрешни работи и труд и социјална политика да предложи опозицијата.

Изборите врз основа на политичките субјекти се договорени за 12 април, со тоа што една од клучните точки беше да се влезе во НАТО. Очекуваме дека ќе се заврши тоа и на крајот да се ратификува во Собранието на Република Северна Македонија. За одложување треба субјектите да одлучат, сега го имаме 12 април, но клучно е влегувањето во НАТО. Ако дојдеме до ситуација дека треба да се одложат, ќе седнат субјектите на маса. Важно е да тргнуваме од интересите на државата, не од интересите на партиите, рече Спасовски.

Тој додаде дека многу аспекти од секојдневнието се поврзани со изборите.

Планот за живот беше сериозен план кој го насочивме во изборна програма и токму таа програма е дел од програмата на владата и многу проекти се реализирани во роковите и пред роковите. Ние до крајот на ноември имаме 2 години и шест месеци, а во тој период имаме три изборни циклуси. Ефективната работа е не повеќе од година и 6 месеци, вели Спасовски.

Најчитани вести