Во породилиштето на најстарата болница во Црна Гора, „Данило Први“ во Цетиње, во петокот се породија три сестри и на свет донесоа четири деца.

Прва во породилната сала влегла Оливера, која околу 9 часот утрото го родила Стефан. Нејзината сестра близначка Јасна неполн час подоцна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот Јелена на свет ја донела Дарија.

Како што пишуваат црногорските медиуми, најсреќна денес е Мара Мугоша, мајката на трите сестри, која во само два часа доби четири внучиња.

Најчитани вести