Доцна синоќа во 23.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „шкода октавија“, со
охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Охрид, удрило во пешакот Џ.А.(27) од
Струга. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во
Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Најчитани вести