Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишна скопјанка во чиј ресторан во гостиварското село Неготино бил пронајден кокаин.

Како што информираат од МВР, дрогата била пронајдена во полициски претрес во локалот кој бил спроведен на 30. мај годинава.

Кривичната пријава против сопственичката е поднесена под сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

 

извор: Makfax

Најчитани вести