Актерката Џејми Ли Кертис (60) во интервју за магазинот „Вариети“ призна дека 20 години не консумира дрога, но со години била зависничка од алкохол, кокаин и апчиња. Еднаш рече дека се дрогирала заедно со нејзиниот татко, славниот актер Тони Кертис.

„Знаев дека татко ми има проблеми со дрогата затоа што и јас ги имав, па почнавме да ја делиме дрогата“, изјави Џејми.

Таа вели дека со нејзиниот татко консумирала кокаин и дека тој три години бил на третман на одвикнување, но тоа не траело долго. Тони почина во 2010 година на 86-годишна возраст од срцев удар.

Џејми првенствено била зависна од „викодин“, но вели дека секогаш можела да се контролира себеси. Никогаш не консумирала алкохол и апчиња додека работела, таа истакнува дека никој не знаел за нејзината зависност.

Пресврт во нејзиниот живот настанал кога испила пет таблети „викодин“ со чаша вино, а пријателката ѝ рекла: „Мислиш дека си феноменална, а всушност си мртва“. Тогаш Џејми сфатила дека мора да престане, иако користела „викодин“ веќе десет години. По тој настан, таа е „чиста“ веќе 20 години.

извор: Makfax

Најчитани вести