Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека ставот на Европската Унија кон Турција, во последниот период, е далеку од конструктивен, пренесе агенцијата „Анадолија“. Според Ердоган, билатералните прашања на неколку земји-членки, не треба односите меѓу Турција и ЕУ да ги доведат во заложништво.

„Во светот во моментот нема друга земја којашто се бореше толку силно против ДЕАШ како Турција“, рече Ердоган и додаде дека на 76.000 лица од 151 земја, Турција забрани влез во земјата, меѓу кои има припадници на ДЕАШ, и други терористи.

„Ја фативме постарата сестра на Багдади со нејзиниот сопруг, сега е кај нас. Како последно, фативме и 13 лица од најблискиот круг“ додаде тој.

Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со згрижувањето на сириските бегалци, без оглед дали доаѓа поддршка или не, но и порача дека ако видат дека таа работа не може да ја продолжат, ќе мора да ги отворат вратите.

Турскиот претседател се осврна и на неговата посета на САД во рамките на која истакна дека ќе стане збор за регионалните прашања, особено за меѓусебните билатерални односи, кaко и за системите S-400 и „Патриот“, и за програмата за F-35.

извор: Makfax

Најчитани вести