Дводневниот штрајк на екипажот на авиокомпанијата „Луфтханза“ почна утринава, а се очекува да бидат откажани околу 1.300 летови со кои би требало да патуват 180.000 патници.

700 летови би требало да бидат откажани денеска, а уште 600 утре. Менаџментот на „Луфтханза“ се обиде да ја оспори законитоста на штрајкот, но судот во Франкфурт вчера донесе одлука дека штрајкот може да се одржи.

Штрајкот е организиран од синдикатот Уфо, кој бара повисоки плати и подобри услови за работа за околу 21.000 стјуарди и стјуардеси.

Откажани се повеќето летови на „Луфтханза“ од Германија, вклучително и голем број интерконтинентални летови од Франкфурт и Минхен.

Авиокомпаниите во сопственост на „Луфтханза“ – Swiss, Austrian, Edelweiss и Brussels Airlines нема да бидат погодени од штрајкот.

извор: Makfax

Најчитани вести