Фудбалскиот свет остана шокиран по тешката повреда на Андре Гомеш на вчерашниот натпревар помеѓу екипите на Евертон и Тотенхем. Португалецот настрада по еден старт на Сон, а на неговата нога налета и Орие по што следеше тешка скршеница на глуждот. Стапалото му се сврти, а на „Гудисон“ сите останаа занемени.

Сега излегоа наводни фотографии од ногата на Гомеш откако му била извадена копачката. Истите се вознемирувачки и не се за оние со слаб желудник. Инаку од Евертон потврдија дека Гомеш претрпел скршеница на глуждот и дека денес ќе оди на операција.

Најчитани вести