Има јадења разни, но има и такви кои се неодоливи за секого. Ова е едно од тие.

Потребно е:

околу 800 г јунешко шницли

200 мл бело вино

1 коцка за говетска супа растворена во 300 мл врела вода

200 мл слатка павлака

3-4 лажици ситно сецкан свеж магдонос

5-6 чешниња лук, ситно сецкани сол, бибер масло, за пржење

2 јајца брашно лебни трошки

Подготовка:

– Шницлите малку истолчете ги со дрвен чук. Посипете ги со сол и бибер и увалкајте ги прво во брашно, па во изматени јајца и на крај во лебни трошки. Ставете ги да се пржат во врело масло по неколку минути од двете страни.

– Во намастен огноотпорен сад за печење наредете еден ред шницли, одозгора полијте со вино и супа, посипете со сецкан магдонос и сецкано лукче. Одозгора наредете ги преостанатите шницли и повторете ја постапката.

– Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути. Потоа тргнете ја фолијата, прелијте ги шницлите со слатката павлака и допечете ги уште 10-тина минути.

– Како прилог со овие превкусни сочни шницли може да сервирате сварен ориз или пак компири, потоа њоки или некој обарен зеленчук. Напомена: Додека се печат шницлите не треба да се покриени сосема до горе со течност.
 

Најчитани вести