После Италија, озлогласената нигериска банда „Блек Екс“ (Црна секира)  - позната по тоа што ги плаши луѓето со вуду магија - полека ја зазема и Шведска. Тие веќе ја окупираа својата територија во најголемите градови Стокхолм и Гетеборг, при што шведската национална телевизија известува дека полицијата го потврдила нивното присуство во универзитетскиот град Упсала.

Тие се нарекуваат „Црната секира“ градат култ на смрт, нивната примарна работа е трговија со дрога и трговија со луѓе и познати се по убиства, киднапирање и употреба на вуду како инструмент за уцени.

„Тие ги држат жените како заложници и ги плашат да веруваат дека ќе завршат лошо со вуду магиајата ако го напуштат бизнисот со проституција. Продаваат кокаин и хероин“, предупреди портпаролот на полицијата во Упсала, Јале Поjаревиус.

Во почетокот на септември еден млад човек со 70 капсули хероин и кокаин беше уапсен на аеродромот во Стокхолм. Тој призна дека направил курирска работа за оваа банда затоа што тие го убиле неговиот татко во Нигерија и се заканиле дека ќе ја убијат и неговата мајка.

„Тие користат закани, но исто така знаеме дека убиваат луѓе, иако засега немаме индикации дека тоа го сториле во Шведска. Но, знаеме дека тоа се случуваше во Нигерија и во земјите каде што ја поставија својата мрежа“.

Денес, мрежата е широко распространета, од родната Нигерија, Европа и сè до Канада. Во Италија, Црната секира го остави својот најдлабок белег досега, и сосема беше очекувано што се судрија со мафијата на  „Коза Ностра“ во Сицилија. На крајот, тие постигнаа компромис, оставајќи дел од својата заработка на домицилната мафија Коза ностра.

Во Европа, најголем ризик се мигрантите од Западна Африка на кои им ветуваат работа и се вклучени во криминални активности. Шведската полиција предупреди дека тие особено демнат надвор од џамијата во Стокхолм. За да привлечат што е можно повеќе луѓе, исто така користат закани од локалната верзија на вуду, наречена јуџу. Тие, наводно, ги извршуваат ритуалите и ги уверуваат жртвите дека нивната банда ќе им ги украде душите ако не ги почитуваат нивните наредби или ги пријават во полиција.

Треба да се каже дека нигериската мафија е во универзитетскиот град Бенин, каде што се основаа тајни окултни општества во доцните 60-ти и раните 1970-ти, кои, меѓу другото, имаа силни политички аспирации и антиколонијалистички погледи. Но, со текот на времето, а особено по кризата што ја зафати Нигерија во 1980-тите, тие ги напуштија политичките идеали и се етаблираа како криминални организации.

Најчитани вести