Додека власта ја остави Македонија за прв пат по 146 години без меѓународен железнички сообраќај, Србија ќе гради брза железничка пруга со која ќе се поврзе со регионот.

500 тони опрема за изградба на пругата за брзи возови ќе пристигне на железничката станица Нови Београд, во главниот град на Србија. Опремата ја носи товарен воз од Кина кој тргна на 24 септември од градот Шандонг во Кина, а предвидено е даја пречекаат заменикот министер за финансии на Кина и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Изградбата на брзата пруга во Србија беше договорена на состанок  на трилатерална средба помеѓу Србија, Унгарија и Кина во јули годинава и во првата фаза треба да ги побрзе Белград и Будимпешта, а потоа се планира соработка и со останатите земји од Балканот.

Најчитани вести