Поранешниот соиграч на Пандев, Тијаго Мота официјално беше претставен како нов тренер на Џенова. Тој се враќа во клубот каде во 2008 година ја обнови својата кариера.

„Чувството е одлично, се враќам на местото каде што во 2008 ја сменив кариерата и тоа ми претсавува огромна чест. Ситуацијата е тешка, но преку работа можеме да се извлечеме. Мораме да даваме сè за овој дрес. Имаме интересен тим, во квалитет и квантитет“, изјави Мота.

Очекувано многумина беа заинтересирани да слушнат дали ќе експериментира со 2-7-2 формацијата по која беше претпознатлив како тренер на јуниорскиот тим на ПСЖ.

„2-7-2 формација? Кој како сака нека ја чита, јас со тоа сакав да ја оттгрнам важноста на бројките. Сонувам за многу идеи, но сега не е време за сонување, туку за работа“, вели Мота.

Запрашан за неговиоте поранешни соиграчи на кои сега ќе им биде тренер, Мота не се штедеше на пофални зборови истакнувајќи дека двајцата се важен дел од тимот.

„Кришито е важен фудбалер за нас, тој може да ни помогне како секој друг играч и бидејќи е капитен, очекувам многу од него. Пандев? Тој не е само голем фудбалер, туку и личност со огромна важност за нашиот тим“, потенцираше Мота.

Најчитани вести