Судири помеѓу либанската армија и демонстрантите избија на денешните протести поради економските реформи што ги предложи владата.

Стотици илјади луѓе седум дена излегуваат на улица и ги обвинуваат политичарите дека ја уништиле економијата.

Банките веќе шести ден се затворени, како и училиштата, а голем број автопатишта се блокирани.

Владата на премиерот Сад ал Харири во понеделникот најави итен пакет реформи со цел да го ублажи бесот на демонстрантите кои бараат владата да поднесе оставка и да се спречи претстојната финансиска криза.

Во моментов никој не знае кога банките повторно ќе започнат со работа, поради што постои предупредување за потенцијална навала на клиентите кога филијалите конечно ќе ги отворат своите шалтери.

„Навистина се плашиме од панична реакција кога повторно ќе се отворат банките“, изјавил од Бејрут претседателот на Светската асоцијација на либански бизнисмени, Фуад Змохол.

Тој и други експерти велат дека проблемот не е либанската фунта, туку државните резерви на долари што се потребни за да плати увозот, од кој земјата е силно зависна.

 

извор: Makfax

Најчитани вести