Loading..

Во Косово започна пребројувањето на гласачките ливчиња кои пристигнале од Србија, а заради безбедносни мерки службениците на Централната изборна комисија на Косово, носат посебна заштитна униформа.

Претходно на 13 октомври броењето на гласовите од Србија беше прекинато откако повеќе службеници кои пребројувале гласови се пожалија на алергиски реакции после отворањето на пликоата со гласовите од Србија.

Тогаш на Инфективната болница во Приштина беа задржани 12 лица, но после спроведените анализи биле пуштени на домашно лекување бидејќи не станувало збор за заразна инфекција.

Токму затоа денес пребројувањето на овие гласови се врши под детални заштитни мерки, вклучувајќи маски, посебна облека, капи и ракавици за службениците го вршат овој процес.

Најчитани вести