Loading..

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска му додели мандат за формирање на влада на лидерот на партијата на Сино–белите, Бени Ганц, откако досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху доживеа неуспех.

Гaнц, поранешен армиски командант, има рок од 28 дена да формира влада, а ако не успее во тоа, тогаш во Израел најверојатно ќе се одржат нови парламентарни избори, трети од април годинава, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Партијата на Ганц претходно соопшти дека одлучно сака да формира либерална влада на обединување.

На последните избори одржани во септември партијата на Нетанјаху, Ликуд, освои 32 места во парламентот, а центристичката партија на Сино-белите, 33 од вкупно 120 места.

извор: Makfax

Најчитани вести