Loading..

Возачот на камионот кој беше уапсен откако во приколката на товарното возило во Есекс, Англија беа пројајдени 39 безживотни тела е 25-годишниот, Мо Робинсон од Северна Ирска.

Тој е уапсен под сомнение за убиство во врска со смртта на 39 лица.

Белгиските истражители најавија дека започнуваат истрага за утврдување на трасата на камион низ Белгија, откако беше објавено дека тоа е земјата од која камионот влегол во Велика Британија.

Ерик Ван Дајс, портпарол на белгиското федерално обвинителство, рече дека најверојатно камионот отпловил кон Велика Британија од пристаништето Зебригж.

Откако беше пронајден од британската полиција, камиот под тешка придружба ја напушти индустриската област во Ватерглејд, Есекс, на безбедна локација во близина на Тилбери, каде ќе бидат извадени телата на загинатите.

Каминот марка „сканија“ е со бугарски регистерски ознаки, но бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека е малку веројатно оти загинатите се бугарски државјани. Бугарскиот премиер Бојко Борисов објасни дека камионот во 2017 година бил регистриран во Бугарија од државјанка на Ирска, по што веќе не се вратил во оваа земја.

Полицијата верува дека камионот во Есекс пристигнал со траект од Северна Ирска.

„Веруваме дека камионот го напуштил пристаништето веднаш по 1:05. Возачот на камионот, 25-годишник од Северна Ирска, останува во притвор под сомнение за убиство”, стои во полициското соопштение.

извор: Makfax

Најчитани вести