За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалицијата со партијата на Зоран Заев нема да користи на ниту една партија со оглед дека тие имаат разлики во програмите, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Аргумент“ на МТВ 2.

– Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии, изјави Ахмети.

Ахмети рече дека е разочаран од албанските опозициски партии кои во минатото не прифатиле коалиција ниту со ДУИ ниту сами меѓу себе.

Најчитани вести