Лидерот на партијата Бело – Сино, Бени Ганц денес доби мандат од израелскиот претседател Рувен Ривелин, за да формриа владат откако  пропаднаа обидите  на досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Генц има 28 дена рок да ја формира коалиционата влада, а доколку и тој не успее, тогаш по се изгледа дека Израел ќе оди на нови избори кои ќе бидат трети од април годинава.

Претходно, досегашниот премиер , Нетанјаху се откажа од напорите да формира нова влада, бидејќи не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот по септемвриските избори.

Тој истакна дека го враќа мандатот на претседателот Ривлин, откако се обиде „да воспостави влада на широко единство“.

– Последните неколку недели се обидував да го седнам Ганц на преговарачка маса, да формирам влада на широко единство и да избегнам нови избори – нагласи Нетанјаху.

На  последните парламентарни избори во Израле партијата Бело – Сино на Ганц освои 33, додека пак Ликуд на Нетанјаху освои 32, од вкупно 120 пратенички места.

На изборите одржани минатиот месец, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во Парламентот, а партијата Бело – Сино на Ганц 33, од вкупно 120 пратенички мандата

Најчитани вести