Loading..

Откако во мај годинава Србија го пушти во употреба јужниот крак на коридорот 10, кон Македонија, сега го завршува и источниот крак, кон Бугарија чие официјално пуштање е закажно за 9 ноември. 

Србија на 9 ноември ќе го пушти во употреба источниот крак на коридорот 10, додека пак градежните работи завршуваат на 31 октовмри, изјави денес српската министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

Тоа е голема работа за Србија и односите со Бугарија, како и за развојот на нашата земја, рече Михајловиќ, додавајќи дека сега е време државата да се посвети на изградба на нови патишта и врски со регионот.

На свеченото пуштање во употреба на оваа делница ќе присуствуваат претставници на државниот врвови на Србија и Бугарија, соопшти министерката.

„Србија мора да стори што е можно повеќе да се развива за луѓето да можат тука да останат да живеат. Тоа е суштината, со оглед на се што се случува во Југоисточна Европа, мора да се забрза развојот, истакна Михајловиќ

 

Најчитани вести