Манчестер Сити вчера ја победи Аталанта со 5: 1 во натпреварот од третото коло на Лигата на шампиони , а ден пред натпреварот прес конференција одржа тренерот на Сити , Пеп Гвардиола.

Шпанецот со одбрани зборови говореше за италијанскиот клуб, но некои новинари го забележаа рачниот часовник што го носеше Гвардиола.

Станува збор за часовникот на Ричард Мил, истиот оној што го спонзорира Рафаел Надал. Тоа е модел наречен RM27-01 од Рафа Надал, кој беше дизајниран исклучиво за еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Тој е најлесниот механички часовник произведен досега, тежи само 18,83 грама, вклучувајќи го ременчето, а произведени се само 50 примероци од него.

Часовникот на почетокот се продаваше за 750 илјади евра, а денес чини околу милион и пол.

Најчитани вести