Пратеникот на ДУИ Артан Груби потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев бил решен да си даде оставка по одбивањето на отворање на преговорите со ЕУ.

Во емисијата „Мислење“ на Тв Клан Груби рече дека Ахмети не му дозволил на Заев да си даде оставка, тврдејќи дека неотворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.

Груби рече дека Заев бил многу разочаран, добил големи ветувања, но бил извисен и затоа сакал да си замине.

Да, подготвен беше, но ние не се согласивме и Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови. И, решивме заеднички да излеземе на избори само откако ќе влеземе во НАТО. Имавме многу болни реформи за да добиеме НЕ за толку мало прашање за отворање преговори што би и овозможило на Европската унија да нè контролира дури и повеќе отколку што им можност сега. Албанците се одлучувачки елемент на владеењето со Северна Македонија, истакна Артан Груби меѓу другото.

Најчитани вести